Нејтанјаху: Израел силно ќе одговори на нападот на терористите во Бугарија

Најмалку шест лица загинале, а 33 се ранети во нападот на автобусот со израелски туристи. Инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Сарафово, во бугарскиот град Бургас.

Бугарскиот претседател Розен Плевнелиев на аеродромот Сарафово

 

Претходно се зборуваше за најмалку седум мртви, но сега официјално е потврдено дека пет лица загинале на местото на експлозијата, додека уште еден загинал во болницата. Има шанси бројката на загинати да се зголеми. Бугарските медиуми јавуваат дека во болница се примени најмалку 33 повредени туристи. Меѓу нив се две трудници и едно 11-годишно девојче. Судбината на девет израелски туристи сѐ уште е непозната, односно тие се водат како исчезнати.

„Во моментов властите прават листа на патниците од авионот, за да ги идентификуваат жртвите. По увидот на местото на несреќата, веруваме дека шест луѓе загинале во експлозијата“, изјавил бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов за новинската агенција Фокус.


Бугарското државно радио објавило дека Министерството за внатрешни работи на таа земја експлозијата во Бургас ја истражува како терористички напад. „Тоа е официјалната теорија на која работат властите“, јавило бугарското радио.

Според извештаите, во автобусот кој требало израелските туристи да ги превезе од аеродромот во хотелот имало околу 40 луѓе. Пожарот кој избил по експлозијата зафатил уште два автобуси, пренесува порталот Новините.

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Јонатан Розенцвајг изјавил дека авионот од Тел Авив слетал на аеродромот во Бургас, 400 километри од главниот град Софија, во 16:45, и дека експлозијата се случила 40-тина минути подоцна.


Радикалната шиитска проиранска група Хезболах ја отфрлила одговорноста за вчерашниот напад на автобусот со израелски туристи.

Обвинувањата дека Хезболах е вмешан во нападот на бугарска територија се „смешни“, изјавил претставникот на оваа група, истакнувајќи дека таа „не води војна против туристите“, пренесуваат бугарските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак вчера изјави дека нападот најверојатно го извела некоја група со поддршка „или на Иран или на некоја друга радикална муслиманска група“, наведувајќи дека веројатно станува збор за Хезболах или Хамас.

Иран за нападот во Бугарија директно го обвини и израелскиот премиер Бенјамин Нејтанјаху, предупредувајќи дека Израел „силно ќе одговори“ на нападот на Техеран.


Белата куќа најостро го осуди смртоносниот напад на автобусот во Бургас. Секретарот за печат на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД „со најостри зборови ги осудуваат таквите напади на невини луѓе, особено на деца“, пренесува Асошиејтед прес.

Карни доал дека американскиот претседател Барак Обама „со мислите и со молитвите е со семејствата на убиените и повредените“.

Тој кажал и дека САД се со израелскиот и бугарскиот народ во овој тежок момент. Карни истакнал дека администрацијата на претседателот Обама работи на тоа да дојде до сите информации за овој случај, но дека „американската посветеност на безбедноста на Израел останува непоколеблива“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе