Терористички акт во Бургас

Месо и делови на човечки тела летаа насекаде. Вака колегата на загинатиот шофер на експлодираниот автобус полн со израелски туристи го опишува хаосот во кој попладнево се најде аеродромот во бугарскиот град Бургас. За бројот на загинатите медиумите се уште различно јавуваат – девет, седум, пет... Бројот на ранетите е повеќе од 30.

Бугарската телевизија БНТ јави дека непознат машки глас непосредно пред експлозијата се јавил во една туристичка агенција и рекол дека израелските туристи ќе бидат пречекани со две бомби.
Експлозијата се случила откако слетал авион од Тел Авив со 154 туристи кои својот годишен одмор требале да го почнат на Сончев брег. Меѓу загинатите се и двајца руски граѓани, потврдија дипломатски извори од Москва.
Еден сведок изјавил дека еден од трите автобуси експлодирал непосредно откако непознат човек влегол во автобусот.
Сведоци за израелски медиуми изјавиле дека бугарските служби реагирале многу споро. „Како да не им беше гајле што се случува“, пренесуваат сведочења медиуми од Тел Авив. Првото противпожарно возило наводно стигнало дури 15 минути по експлозијата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху без двоумење изјави дека „Иран е одговорен за овој терористички напад. Во последниве месеци видовме дека Иран ги нишани израелските туристи во Тајланд, Индија, Грузија, Кипар... Иранскиот терор се шири насекаде. Силно ќе одговориме на овој напад. Со сила“, изјавил Нејтанјаху.
Ехуд Барак, министерот за одбрана на Израел изјави дека зад овој теросистички акт може да се и Иран и Хезболах и Хамас.
Неколку бугарски интернет портали пишуваат дека бугарските власти ги игнорирале предупредувањата добиени од израелските разузнавачки служби за можен напад на израелски граѓани и поради тоа за зајакнување на безбедносните мерки.
Десетина минути пред експлозијата од аеродромот полетал директорот на Европската банка за обнова и развој Сум Чакрабарти.
На денешен ден пред 18 години Хезболах го нападнал Еврејскиот центар во Буенос Аирес. Тогаш загинале 86 луѓе.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе