Деветмина Израелци загинаа во експлозија на аеродром во Бугарија

Девет луѓе загинале, а 33 се повредени во експлозија на бомба во автобус со израелски туристи на аеродромот во Бургас во Бугарија. Израел тврди дека зад нападот стои Иран, пренесуваат светските агенции.


Сведоците тврдат дека станува збор за самоубиствен напад кој се случил во црноморското летувалиште.

Бугарските медиуми јавуваат дека четворица се примени во болница со тешки повреди и изгореници. Голем број возила на брза помош и пожарникарските служби се на лице место. Полицијата изјавила дека огнот зафатил уште два автобуси кои се наоѓале во непосредна близина.

Аеродромот во Бургас е затворен, а сите летови се пренасочуваат кон Варна.

Израелскиот премиер Бенјамин Нејтанјаху тврди дека зад нападот на автобусот во Бургас стои Иран, пренесува Би-би-си.

Министерството за внатрешни работи на Бугарија потврди дека експлозијата е „терористички напад“, пренесува бугарскиот портал Новините.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе