Четворица Македонци повредени во сообраќајка кај Белград

Четворица Македонци, меѓу кои и едно бебе, биле повредени рано утрово во сообраќајна несреќа во близина на Белград, јавија денеска српски медиуми.

Како што пишува „Блиц“, станува збор за печалбари што работеле во Словенија и кои се враќале во Македонија. Несреќата се случила кај клучката на автопатот за излез од Белград. Биле повредени сите патници, вклучувајќи го и шестмесечното бебе. Една жена имала скршеница на ногата и раката, како и повеќе расеченици на лицето, а другата жена што била во возилото имала тешка повреда на 'рбетот. На мажот што го управувал возилото му е повреден вратот. Бебето минало со полесна повреда на рамото.

Според првичните информации, до несреќата дошло најверојатно поради тоа што возачот заспал зад воланот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе