Како што пишува „Блиц“, станува збор за печалбари што работеле во Словенија и кои се враќале во Македонија. Несреќата се случила кај клучката на автопатот за излез од Белград. Биле повредени сите патници, вклучувајќи го и шестмесечното бебе. Една жена имала скршеница на ногата и раката, како и повеќе расеченици на лицето, а другата жена што била во возилото имала тешка повреда на 'рбетот. На мажот што го управувал возилото му е повреден вратот. Бебето минало со полесна повреда на рамото.
Според првичните информации, до несреќата дошло најверојатно поради тоа што возачот заспал зад воланот.