Завршена аутопсијата на Сејџ Сталоне, глумецот моли за почит кон споменот на неговиот син

Аутопсијата на Сејџ Сталоне, синот на познатиот актер Силвестер Сталоне, е завршена, но резултатите ќе бидат познати дури за два месеци, додека да се направат комплетните токсиколошки анализи. Сејџ Сталоне во петокот беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес.

Силвестер Сталоне даде трогателна изјава за медиумите по повод смртта на синот, со која повика да запрат шпекулативните известувања за смртта на неговиот син: „Сејџ беше центар на нашиот универзум... Неговата страшна загуба ќе ја чувствуваме до крајот на животот. Понизно ги молам сите да го остават намира споменот на мојот син.“

„Кога родител ќе го изгуби детето, не постои поголема болка од тоа. Затоа ги повикувам сите да го почитуваат споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со неговата скршена од болка мајка Саша.“

Според последните написи во американските медиуми, Сејџ планирал во скоро време да се жени. Неговиот долгогодишен адвокат Џорџ Бронстејн за ТВ-каналот „Е!“ рече дека Сејџ бил полн со живот, креативен и среќен што ќе се венча во Лас Вегас.

„Тој не беше очаен, немаше проблеми, секако не финансиски“, рече Бронстејн, реагирајќи на наводите во некои медиуми дека синот на познатиот глумец бил депресивен.

Неколку американски портали во исто време пренесоа дека во мај куќата на Сејџ послужила како локација за снимање телевизиски спот, кога младиот филмаџија се однесувал „како да е на нешто“ и, според сведоците, му требале речиси 45 минути за да стане од кревет и да ѝ ја отвори вратата на екипата што го снимала спотот.

Уредникот на списанието „Грлс енд корпсис“, кој Сејџ го познавал со години, рече дека тој последниот месец се однесувал како Ози Озборн. Тој додаде дека никогаш не го видел Сејџ како консумира дрога, но посведочил дека во неговата куќа на сите страни имало апчиња.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе