Сочна компир-салата со ореви и босилек

Приготвување:

Варете ги компирите во малку посолена вода сè додека не омекнат. Исцедете ги, исечете ги на половина, а потоа ставете ги во голем сад.

Испечете ги оревите во тенџере на тивок оган додека малку да потемнат. Оставете ги да се подоладат, па издробете ги.

Убаво измешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло, мајонезот, солта, црниот пипер, оревите и песто-сосот. Вкусете и по желба додајте уште од зачините.

Истурете половина од преливот врз компирите и внимателно измешајте. Пробајте и по желба додајте повеќе прелив.

Покријте го садот и оставете ја салатата неколку часа во фрижидер.

Пред сервирањето додајте ги ливчињата босилек.

Забелешка: ако немате или не можете да најдете песто-сос, здробете 2 чешниња лук и измешајте ги со 3-4 ливчиња ситно сечкан босилек.

Состојки:

700 г мали компири

сок од 2 цели лимони

3 лажици маслиново масло

8 лажици мајонез

сол и црн пипер, по вкус

1 лажица песто-сос

30 г ореви

ливчиња босилек

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе