„Скопско“ ги подари носиите за Галичката свадба

За педесетата јубилејна Галичка свадба Пивара Скопје АД и Скопско ги обезбеди свадбените носии за невестата и младоженецот.

Викендов по педесетти пат во Галичник ќе се одржи автентичната Галичка свадба, културно-сценска манифестација, единствена од ваков тип на нашите простори и пошироко. Покрај финансиската поддршка за организација на манифестацијата, како и пијалаци за учесниците, Пивара Скопје АД и Скопско годинава ги обезбедија нови носии за невестата Даница Тортеска и зетот Трајче Лозаноски.

Носиите се рачно изработени од вештите раце на жените од мијачкиот крај, карактеристична и богата со уметнички детали од срма и сребро. Невестинската носија која се состои од 46 делови тежи околу 25 килограми.

“Пивара Скопје АД и Скопско отсекогаш биле верен поддржувач на националните вредности и македонското културно наследство. Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето на народните обичаи во нивната изворна форма и на тој начин секоја година придонесува за негување на македонската традиција и културните вредности. Затоа Пивара Скопје АД, со својот бренд Скопско секоја година се нејзин неодвоив дел“, изјави Маја Муратовска – Чанговска, претставник на Пивара Скопје АД.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе