Најдобрата салата од макарони

Приготвување:

Сварете ги макароните во малку посолена вода според упатството на ќесето. Исцедете ги и исплакнете ги под ладна вода да се оладат.

Измешајте ги мајонезот, оцетот (или виното), шеќерот, солта и црниот пипер. Додајте малку млеко за сосот да биде повеќе течен. Додајте малку од сокот од краставичките. Вкусете и додајте зачини колку што е потребно. Оставете го настрана.

Ставете ги оладените макарони во голем сад и прелејте ги со 3/4 од сосот. Промешајте и додајте уште од сосот по желба. (Сосот може да изгледа малку редок, но ќе се згусне откако ќе се доолади салатата.)

Додајте ги сечканите маслинки, печени црвени пиперки, кисели краставички и млад кромид. На крајот, дотурете уште малку од сокот од краставичките и измешајте.

Чувајте ја салатата најмалку 2 часа во фрижидер пред сервирањето.

 

Состојки:

500 г макарони

3 цели печени црвени пиперки од тегла, сечкани (повеќе по вкус)

100 г црни маслинки, ситно сечкани

6 средни кисели краставички од тегла, ситно сечкани

3 млади кромитчиња, сосе дршки, сечкани

120 г (8 лажици) мајонез

1 лажица црвено вино или оцет

3 лажички шеќер, повеќе или помалку по вкус

прстофат сол

црн пипер

70 мл млеко (повеќе ако е потребно)

сок од теглата со краставички

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе