Приготвување:Сварете ги макароните во малку посолена вода според упатството на ќесето. Исцедете ги и исплакнете ги под ладна вода да се оладат. Измешајте ги мајонезот, оцетот (или виното), шеќерот, солта и црниот пипер. Додајте малку млеко за сосот да биде повеќе течен. Додајте малку од сокот од краставичките. Вкусете и додајте зачини колку што е потребно. Оставете го настрана. Ставете ги оладените макарони во голем сад и прелејте ги со 3/4 од сосот. Промешајте и додајте уште од сосот по желба. (Сосот може да изгледа малку редок, но ќе се згусне откако ќе се доолади салатата.) Додајте ги сечканите маслинки, печени црвени пиперки, кисели краставички и млад кромид. На крајот, дотурете уште малку од сокот од краставичките и измешајте. Чувајте ја салатата најмалку 2 часа во фрижидер пред сервирањето.
| Состојки:500 г макарони 3 цели печени црвени пиперки од тегла, сечкани (повеќе по вкус) 100 г црни маслинки, ситно сечкани 6 средни кисели краставички од тегла, ситно сечкани 3 млади кромитчиња, сосе дршки, сечкани 120 г (8 лажици) мајонез 1 лажица црвено вино или оцет 3 лажички шеќер, повеќе или помалку по вкус прстофат сол црн пипер 70 мл млеко (повеќе ако е потребно) сок од теглата со краставички
|
Најдобрата салата од макарони
Салати
Објавено на
11 Јули 2012 - 03:03