Логото на Македонски шуми на нивата во Карбинци сепак не го нацртале вонземјани

Жарко Караџоски, генералниот директор на јавното претпријатие „Македонски шуми“, ја реши дилемата за вонземјаните од полето кај селото Карбинци – сето тоа е дел од проектот за ребрендирање на Македонски шуми. Мистериозниот круг во житното поле е всушност новото лого на Македонски шуми, а новиот слоган е – во партнерство со природата.

„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на Македонски шуми, каде што преку слоганот ‘во партнерство со природата’ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, изјави Караџоски.

„Самиот знак, кој беше предмет на голем број шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост каква што постојано гледаме во природата. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои што поминуваат шумите за време на различните годишни времиња. Ова пак, од друга страна, ја означува посветеноста на претпријатието за време на целата година, постојано оди напред и дополнително помага и покрај природните процеси“, соопшти ЈП Македонски шуми.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе