Салата од макарони со лосос

Приготвување:

Во тенџере зовријте 2 литри вода. Додајте 2 лажички сол. Додајте ги макароните и гответе ги откриени во зовриената вода околу 10 минути. Тргнете ги од рингла, накратко исплакнете ги во студена вода (макароните треба да бидат топли и по плакнењето) и повторно исцедете ги.

Во голем сад измешајте ги лососот, мајонезот, сенфот, ренданата кора од лимон и сокот од лимон. Додајте ги кромидот, магдоносот, копарот и целерот.

Додајте ја оваа смеса во сварените макарони додека сè уште се топли. Додајте свежо мелен црн пипер по вкус. Кога макароните ќе го впијат мајонезот, можеби ќе треба да додадете малку вода во салатата за да се задржи сочноста. Зачинете по вкус.

Состојки:

250 г макарони

сол

200 г лосос

120 г мајонез (повеќе по вкус)

1 лажичка сенф

1 лажичка рендана кора од лимон

1 лажица сок од лимон

1 среден кромид, сечкан

2 лажици сечкан свеж магдонос

1 лажица сечкан свеж копар (или 1/2 лажиче сув копар)

2 стебленца целер, сечкани

свежо мелен црн пипер

 

Објавено

Петок, Јули 6, 2012 - 01:04

Коментари

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе