Таткото на „божјата“ честичка: кој е Питер Хигс

Хигс нема компјутер ниту мобилен телефон. До откритието на векот дошол само со користење на хартија и молив.

Нема компјутер ниту мобилен телефон. До откритието на векот дошол само со користење на хартија и молив: Питер Хигс.

Кога пред четири години беше пуштен во погон Големиот судирач на хадрони во ЦЕРН, обичниот свет немаше слушнато за Питер Хигс. Но кога физичарите вчера соопштија дека го откриле Хигсовиот бозон, таа недофатлива честичка што го носи неговото име, пензионираниот професор по физика одеднаш стекна меѓународна слава.

Тивкиот белокос 83-годишник од 1964 година трпеливо чекаше потврда на оваа револуционерна теорија. И денес по малку се сепнува кога во негово присуство ќе се спомене Хигсовиот бозон.

Питер Хигс, научникот чии откритија во 1960-тите години доведоа до спектакуларното откритие на бозонот во ЦЕРН, е роден во Њукасл во 1929.

Хигс се изјаснува како атеист, па затоа не е воодушевен од тоа што неговиот бозон се нарекува божја честичка, затоа што тоа би „можело да ги навреди религиозните луѓе“.

Поради астмата многу изостанувал од училиште и главно се школувал дома. Израснал во Бристол, каде што во гимназијата се истакнал како голем математичар.

Лабораторијата во ЦЕРН во Женева

Студирал теоретска физика на Кингс колеџ во Лондон. Се вработил како професор на Универзитетот во Единбург, а трудот за постоењето на бозонот го напишал во 1964 година.

Интересно е тоа што му го понудил на научното списание „Физикс летерс“ и бил одбиен. Подоцна излегло дека уредниците не го разбрале, но сепак нешто подоцна го објавиле. И покрај значајната научна работа, тој никогаш не стана славен.

Пријателите и познаниците сметаат дека е премногу скромен и повлечен.

Отишол во пензија во 2006 и од тогаш од дистанца следи сè што се случува во ЦЕРН, каде што до вчера бил само еднаш. Живее во стан во квартот Њу Таун во Единбург, наместен во ретро-стил од 70-тите години. Има огромна колекција на плочи со класична музика и книги за сликарството, уредно наредени по азбучен ред.

Генералниот директор на ЦЕРН им се обратил на научниците: „Како лаик, јас би рекол дека го имаме. Се согласувате ли?“ Како одговор добил громогласен аплауз.

Добитник е на голем број награди, вклучувајќи го Дираковиот медал и награди придонес во теоретската физика (1997), наградата на Европското здружение за физика во областа на физиката на честички и високи енергии (1997) и наградата од Американското здружение за физика во областа на теоретската физика на честички.

Вчера во многу кругови можеше да се слушне дека тој е најголемиот кандидат за Нобеловата награда за физика.

Разведен и има два сина.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе