Кремаста компир-салата со власец и корнишони

Приготвување:

Варете ги компирите додека да омекнат, 20-25 мин. Исцедете ги и оставете да се оладат. Откако ќе се оладат, пресечете ги на половинки или на четвртинки ако се големи.

Измешајте ги компирите со сите други состојки.

По вкус зачинете со сол и црн пипер.

Состојки:

500 г компири

100 г корнишони, сечкани на мали парчиња

половина китка свеж власец, или прстофат сув власец

3 лажици мајонез

3 лажици павлака

2 лажички сенф

сол

свежо мелен црн пипер

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе