Нови, познати марки во Сити мол во Скопје

Во скопски Сити мол ќе дојдат и Бланко, Ив Рошер, Афтершок, Алдо, Урбан џангл...


Англиските модни марки Афтершок (Aftershock), Литл Буда (Little Buddha) и Ворлд оф асесори (World of Accessorie), шпанските Бланко (Blanco), козметичката куќа Ив Рошер (Yves Rocher), како и марките за чевли Алдо (Aldo) и Урбан џангл (Urban Jungle) влегуваат во Македонија.

Овие компании првпат ќе отворат продавници во Скопје, во новиот трговски центар Сити мол, кој треба да биде готов до крајот на септември, пренесува хрвaтскиот портал limun.hr.

Потврдено е дека и овие марки се закупници на деловниот простор во овој трговски центар. Претходно, претставници на инвеститорот, компанијата Балфин МК, соопштија дека во новиот центар веќе закупиле простор Зара ( Zara), Бершка (Bershkа), Масимо Дути (Massimo Dutti), Пул анд Беар (Pull&Bear), Страдивариус (Stradivarius), францускиот синџир Керфор (Carrefour) и австрискиот кинооператор Синеплекс (Cineplex).
Со новите закупци, бројот на марките што влегуваат во Македонија ќе биде 40. Инаку, во трговскиот центар веќе се закупени 85 отсто од деловниот простор.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе