ЕЛЕМ: СДСМ манипулира со фактите за ХЕ Козјак

СДСМ да престане со манипулирање со фактите и со дезинформирање на јавноста и нејзина злоупотреба за партиски и политички цели, соопшти денеска АД ЕЛЕМ, а во врска со партиските изјави за ХЕ „Козјак“.

„Проектот е почнат во далечната 1996 година со неповолно кредитно задолжување во висина од 93 милиони американски долари со камата од над 8 отсто од тогашната Влада на СДСМ. Tогашната гарнитура го потпиша договорот на крајно нетранспарентен начин со кинеската трговска компанија „Хаинан“, која потоа банкротира, влезе во стечај, а нејзиниот директор заврши во затвор.

Доколку останеше СДСМ да го води проектот, тој никогаш немаше да биде реализиран. ВМРО-ДПМНЕ го раскина тој штетен договор, а потоа почна преговори со кинеската влада и склучи анекс со државната кинеска компанија CWE,  која всушност и го заврши проектот „Козјак“. Притоа, треба да се знае дека преку 70 отсто од инвестициите беа реализирани во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и најважните и најтешки зафати, вклучувајќи ја и изградбата на браната Козјак.

Во времето на владите на СДСМ направени се подготвителните работи во периодот од 1996 – 1998 година,  изградена е машинската зграда и е спроведена монтажа на опремата, а за квалитетот на работите зборува и фактот што едниот генератор не можеше да се користи поради недозволено високо ниво на вибрации се до 2007 година, кога повторно е направено негово преинсталирање и конечно пуштање во работа“, соопшти АД Електрани на Македонија.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе