Минхен ќе гради македонска катна гаража, а Скопје ќе ја чека барокната

Во Германија наесен ќе се гради македонската катна гаража, некој странец ќе прави профит, ќе вработи луѓе, градот Минхен ќе заштеди електрична енергија, а ние во Скопје ќе паркираме по тротоари, ќе се криеме од „Пајакот“ и ќе чекаме да ни изградат барокна гаража.

Откако скопската општина Карпош и градот Скопје немаа ксмет да ги согледаат исклучителните перформанси на роботизирана катна гаража, проект на електроинженерот Ванчо Чамушев од Штип, тој доби шанса да се изгради во Минхен, Германија.

Двајцата градоначалници Стевчо Јакимовски и Коце Трајановски го игнорирале проектот на инженерот Чамушев без да му објаснат зошто го направиле тоа со оглед на перформансите на катната гаража, која колку што ѝ е неопходна на општината Карпош, толку му е потребна и на другиот дел од Скопје? Но затоа во Германија наесен ќе се гради оваа катна гаража, некој странец ќе прави профит, ќе вработи луѓе, градот Минхен ќе заштеди електрична енергија, а ние во Скопје ќе паркираме по тротоари, ќе се криеме од „Пајакот“ и ќе чекаме да ни изградат барокна гаража.

Еве што пропуштија (односно што ни ускратија) Трајановски и Јакимовски, кој, како што вели авторот, ниту му одговорил на барањето да го претстави проектот:

Проектот предвидува роботизираната катна гаража да користи енергија од ветер и сонце. Максимално искористениот простор, брзата комуникација, целосната автоматизација, апсолутната безбедност се само дел од предностите на катната гаража. Таа, како што наведува авторот, има конструкција приспособлива за секоја архитектура, како и фасада што може да се приспособи на урбаната средина. Брзо и евтино се гради, заштедува енергија и е еколошка.

Катните гаражи се насушна потреба на Скопје, Охрид, Битола. Проектот би чинел само 750.000 евра заедно со земјиштето и со формирањето фирма што би го користела. Сакам да истакнам дека оваа гаража би ѝ давала 4 до 5 киловатчаса електрична енергија на македонската електрична мрежа, што би претставувало економска добивка. Инаку би била сосема енергетски независна. Овој проект е заеднички со инженерот Сушевски“, вели електроинженерот Ванчо Чамушев и додава дека проектот предвидува објектот да се простира на површина од 180 квадратни метри, а во него би можеле да се паркираат 96 автомобили.

Со изградба на три катни гаражи според проектот на Чамушев се обезбедува простор за паркирање на 288 возила, а би зафатиле простор од 540 квадратни метри. Би чинеле 220.0000 евра и, како што вели авторот, би можеле да се изградат за само 3,5 месеци.

Порталот „Диверсити медиа“ пред неколку дена објави споредбени податоци за катната гаража што ја гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор до плоштадот во Скопје со оваа на електроинженерот Чамушев. Катната гаража на јавното претпријатие ќе служи за паркирање на 280 возила, ќе зафаќа простор од 8.220 квадратни метри, а изградбата ќе чини 5,8 милиони евра. Во неа ќе може да се паркираат трипати повеќе возила отколку во гаражата на ветер и сонце, но како што наведе „Диверсити медиа“, ќе биде дури 45 пати поскапа, а ќе зафаќа осум пати повеќе простор.

С.М.

 


Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе