Реакции за А2: Еднаков мониторинг за сите телевизии

Ист аршин за сите медиуми побара американската амбасада по одземањето на концесијата на А2. САД најавија дека одблиску ќе ја следат работата на Советот за радиодифузија и дали еднакво се следат сите телевизиски станици.


„Се согласуваме дека сите медиуми треба да ги почитуваат сите обврски што произлегуваат од поседувањето дозвола, и тоа е исклучително важно за постоењето на независна и избалансирана медиумска клима, но гледаме дека А2 е првиот радиодифузер врз кого е извршено ова барање“, се вели во реакцијата на американската амбасада.

Сличен е и ставот на Европската комисија. Портпаролот на еврокомесарот Филе, Петар Стано, порача дека Брисел внимателно ќе ги следи случувањата, особено што слободата на изразувањето е една од точките во пристапниот дијалог.

Раководството на телевизијата најави дека по судски пат ќе ја оспори одлуката на Советот за радиодифузија. Тоа го препорача и премиерот Груевски, кој во својата писмена реакција побара случајот да не се политизира, а оние што се засегнати од одлуката да ги искористат сите правни мерки и механизми и низ институциите да ја докажат својата вистина.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе