ЛЕНКА: Македонија да ги повлече војниците од НАТО!

На утрешната конференција за печатот движењето за социјална правда – ЛЕНКА ќе побара од македонските власти да донесе одлука за повлекување на македонцките војници од ИСАФ-мисијата на меѓународните сили во Авганистан.

Во поканата за утрешната конференција за печатот се вели дека „војниците на Република Македонија сѐ уште учествуваат во таа окупаторска (а не мировна) мисија на ‘сојузниците’, т.е. окупаторите предводени од САД. Нелогично е што Холандија, која е земја-членка на НАТО, ги повлекла своите војници, а Македонија, која не е земја-членка на НАТО, сѐ уште учествува во таа окупаторска мисија“.

Во соопштението ЛЕНКА потсетува дека и Франција, една од земјите-основачи на НАТО, планира да ги повлече своите вооружени сили од Авганистан во текот на оваа година.

„И покрај заклучоците од последниот НАТО-самит, кои укажуваат на повлекување од Авганистан, македонските војници сѐ уште ги изложуваат своите животи на ризик, бранејќи туѓи интереси и водејќи туѓа војна. Не за НАТО! Не за Македонија во НАТО! Повлекување на војниците на Република Македонија од Авганистан!“, пишува во соопштението на движењето за социјална правда ЛЕНКА.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе