Продуцентот на „До балчак“ бесрамно излажа: коњот е жив!

Зоран Ристевски, извршниот продуцент на филмот „До балчак“, на режисерот Столе Попов, во изјава за МКД.МК бесрамно излажа дека на снимањето не се случил никаков инцидент и дека коњот за кој објавивме дека бил предозиран до смрт за потребите на филмот, всушност е жив.

Ветеринарот на филмот Љупчо Андревски потврди дека на снимањето имало инцидент и дека еден коњ загинал, но додаде дека тој и онака бил стар, пред умирање.

За разлика од него, Ристевски не сакаше да даде изјава и нагласи дека до крајот на денот ќе испратат соопштение за јавноста. „Не се случил никаков инцидент на снимањето. Подоцна ќе дадеме конкретна информација за јавноста“, рече тој.

Но на прашањето може ли барем да одговори дали коњот е жив или мртов, Ристевски кратко и колебливо изјави: „Жив е“.

МКД.МК има докази, сведоци и автентични фотографии од сцената на снимањето на која се гледа починатиот коњ.

Како што веќе објавивме, коњот на снимањето бил предозиран со инјекции затоа што за потребите на сцената требало да глуми мртов и да биде облеан во лажна крв. Но и покрај тоа што ја примил потребната и дозволена доза лекарства, коњот сè уште не можеле да го успијат, па по инсистирање на филмската екипа била дадена уште една, овојпат смртоносна доза.

Иронично, на страницата на „До балчак“ на Фејсбук како мото на филмот е напишано „FUCK LIFE IF YOU ARE NOT READY TO DIE FOR IT“ (Да ти еб*м животот ако не си спремен да умреш за него).

Е.З.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе