Свесно е убиен коњ на снимањето на „До балчак“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Снимањето на најновиот филм на режисерот Столе Попов, приказна за Дивиот Исток, за една сурова, но романтична сторија, уште незавршено, е обележано со еден дивјачки чин. За потребите на филмот е убиен коњ.

За време на снимањето на една од сцените во филмот, во селото Штавица, Прилепско, коњот бил предозиран со инјекции, и покрај предупредувањето од стручните лица дека може да умре. Филмската екипа решила дека може да го жртвува коњот за да ја заврши сцената, па коњот умрел. Крвта на приложените слики е филмска.

Кога му се јавивме на извршниот продуцент на филмот, Зоран Ристески, со прашање како и зошто настрадал коњот при снимањето, тој ни одговори: „На снимање сум, јавете се подоцна“.

Ова не е првпат на снимање филм на режисерот Столе Попов да се убиваат животни. Кучиња и кокошки биле убивани за време на снимањето на неговиот игран филм „Џипси Меџик“ во 1997 година. Новинарот Џабир Дерала тогаш ја објави и оваа грозна епизода на режисерот Попов во неделникот „Форум“. Во изјавата за МКД.МК Дерала се присеќава дека одговорот на продуцентите за тој инцидент тогаш бил дека се работи за големо режисерко име, за дело што ќе ја прослави Македонија.

„Се сеќавам дека продуцентите не се ни обиделе тие сцени да ги снимат со макети. Ваквото сурово однесување со животните е мал чекор до суровото однесување и со луѓето. Ако ова се случило и со неговиот најнов филм, тогаш сметам дека овој филм треба уште отсега да се дискредитира. Тогаш едно куче беше убиено со копач. Освен тоа знаете дека ова е и со закон забрането и дека во шпицата на секој филм што има вакви сцени пишува дека снимањето на сцените не предизвикало смрт на ниту едно животно“, изјави Дерала.

Долгометражниот игран филм „До балчак“ е во режија на Столе Попов, сценарио на Горан Стефановски, а во продукција на „Трингл филм“, фирма на Столе Попов и на Данчо Чевревски. Копродуценти на филмот се и Сектор Филм, ФX 3X и Македонската радио-телевизија.

Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и од Филмскиот фонд на Македонија во програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа и министерствата, МПЦ – Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, Македонски железници и локалните градски самоуправи.

А.Д.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе