„Флајдубаи“ од Скопје со два лета неделно за Дубаи

Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе лета двапати неделно директно до Дубаи. Скопје е избрано да биде најновата дестинација на „Флајдубаи“ само неколку дена по прославата на тригодишнината од основањето. Со ова, мрежата на оваа авиокомпанија во централна и во источна Европа се прошири на 15 дестинации во 10 земји, што е најопсежно меѓу превозниците на Блискиот Исток.

Гаит Ал Гаит, извршен директор на „Флајдубаи“

Услугата од Скопје ќе биде достапна двапати неделно и ќе почне на 18 октомври со цена од 490 евра.

„Со задоволство денеска ја објавувам оваа нова линија. Таа уште подлабоко ја илустрира нашата посветеност при проширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација која сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи“, изјави главниот извршен директор на „Флајдубаи“ Гаит Ал Гаит.

Летовите за Дубаи ќе оперираат двапати неделно, во понеделник и во четврток. Летот со ознака FZ792 ќе полетува од аеродромот "Александар Велики" во 13.25, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет, со ознака, FZ791, е закажан да го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе