Малку чудна салата од зелка и јаболко

Приготвување:

Загрејте една голема тава на средно висока температура; додајте 2 лажици масло.

Ставете го целерот и динстајте 2 минути, додека да стане светлокафеав.

Ставете ги зелката и лукот и динстајте 1 минута.

Ставете го јаболко и динстајте 1 минута.

Ставете малку сол и промешајте, а потоа динстајте уште 2-3 минути.

Во меѓувреме направете го преливот, со мешање на сенфот, јаболковиот оцет, маслиновото масло и медот.

Тргнете ја мешавината од зелка и јаболка од оган и истурете ја кај преливот. Убаво измешајте за да се соединат. Додајте сол по вкус.

Додајте ги сувото овошје, оревите и фета-сирењето.

Салатата служете ја топла или на собна температура.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

3-4 стебленца ситно сечкан целер

1 мала главица ситно сечена црвена зелка

1 лукче, здробено

1 јаболко, со извадена средина и исечено на стапчиња

1 лажичка сенф

2 лажици јаболков оцет

2 лажици маслиново масло

1 лажичка мед

100 г суво овошје (брусници, суво грозје...)

100 г печени ореви (или фстаци)

100 г дробено фета-сирење

сол по желба

 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе