Груевски: Пред Букурешт прифатив референдум за Република Македонија (Скопје)

Не прифатив име Република Македонија (Скопје), туку предлогот да биде ставен на референдум пред граѓаните доколку тој биде прифатен и од Грција, одговори премиерот Никола Груевски во Собранието на обвинувањата од опозицијата дека во 2008-тата година на Самитот на НАТО во Букурешт прифатил промена на уставното име.

“Тогаш дадовме согласност за предлогот, кој од медијаторот беше наречен конечен предлог пред самитот во Букурешт, да биде ставен на референдум во Република Македонија доколку Грција го прифати. Грција не го прифати предлогот па немаше ни референдум. Значи  тоа не е прифаќање, туку е само согласност да им се даде можност на граѓаните да се изјаснат дали таквиот предлог е добар или не, дали е прифатилив или не за мнозинството на граѓаните“, рече Груевски одговарајќи на прашање од пратеникот на СДСМ Јани Макрадули.

Груевски во одговорот рече дека раководството на СДСМ се согласи со името поранешна југословенска Република Македонија и јавноста ја убедуваше дека тоа е само за два месеци. Тоа  е најголема лага и манипулација.

“Луѓето ни се смеат и се збунети кога слушаат имиња како ФИРОМ, БЈРМ и слично. Тоа е нешто што го носите на душа пред овој народ. Јас знам дека со таа тежина ќе живеете цел живот како партија и како раководство и секогаш ќе барате некој друг виновен за грешките, за стратешките грешки што сте ги направиле. Тоа беше една голема лага, една голема манипулација за која и ден денес немате одговор“, рече премиерот во Собранието.

Зошто го одбил предлогот од 2005-та година, Груевски одговара дека тој предлог за името содржел низа сериозни нејаснотии за идентитетот.

На ова реагираше пратеникот Јани Макрадули.

“Сте ја виделе ли во архивата документацијата за предлогот од 2008 година и записникот каде што вие се согласувате за предлогот Република Македонија (Скопје) со одложено решавање на идентитетските прашања? Го знаете писмото од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски до генералниот секретар на Обединетите нации каде пишува дека вие сте се согласите за Република Македонија (Скопје)? Сте го виделе господинот Лазар Еленовски што го праќате сега во Брисел со изјавата дека вие сте се согласиле? Господине Груевски, дали прифативте или дадовте согласност, тоа лекторите нека утврдуваат кој збор важи, ама знаат и американскиот амбасадор и господинот Нимиц, впрочем и вие знаете дека во 2008 година се согласивте пред одењето во Букурешт за предлогот Република Македонија (Скопје) со одложено решавање на идентитетските прашања. Во 2005 година ако се прифатеше предлогот и ако не теравте инает, денеска во графата во ОН за јазикот ќе пишуваше Мацедониан, за државата Републиц оф Мацедониа, а за државјанството ќе пишуваше тоа што пред биометриските ќе го пишуваше во сите пасоши - Република Македонија. Вие тоа го одбивте", реагираше Макрадули.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе