Супа од цвекло и пашканат

Приготвување:

Загрејте го маслото во големо тенџере и динстајте ги кромидот, морковот и пашканатот 5 минути, додека да почнат да омекнуваат. Додајте го коријандерот и динстајте уште 2 минути.

Додајте ги зеленчуковата супа од коцка и цвеклото. Оставете да зоврие, а потоа динстајте 20 минути, додавајќи 2 лажички копар во последните 2 или 3 минути.

Исечете ја калинката на половина и исцедете го сокот од неа со помош на цедалка за лимон. Измешајте ја целата супа во блендер и додајте од сокот од калинка по вкус (најмногу 4 лажици).

Украсете со јогурт, со половинките ореви и со останатите 2 лажички сечен копар.

Состојки:

1 лажица маслиново масло

1 среден кромид, ситно сечкан

2 сечкани моркови

2 сечкани пашканати

1/2 лажиче мелен коријандер

800 мл зеленчукова супа од коцка

350 г варено цвекло

4 лажички копар, ситно сечкан

1 калинка

За украс

4 лажици јогурт

6 ореви, искршени на половинки

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе