„Расколник“ донесе 19 кривични пријави за перење пари

Полицијата денеска им поднесе кривични пријави за перење пари на деветнаесет приврзаници на Јован Вранишковски, расчинетиот македонски владика осуден за проневера на 250.000 евра од МПЦ.


Како што соопшти МВР на денешната прес-конференција, со тоа почнала последната фаза од акцијата „Расколник“.

Кривични пријави добија Ј.В.(46) од Битола, потоа против М.К.(34) од Штип и Д.Н.(34) од Скопје, Н.С.(33) од Скопје, М.Т.(39) од Скопје, К.П.(47) од Скопје, Ф.Х.(56) од Битола, М.И.(39) од село Нижеполе, О.М.(32) од Битола, З.Д.(33), М.П.(66), С.Б.(45) од Скопје, О.И.(39) и Г.И.(37) од Прилеп, Г.В(73), М.П.(41), И.П.(69) од Битола, Ф.Н.(38) од Скопје, В.Т.(63) од Скопје.

Шестмина од нив добија мерка притвор од 30 дена, а останатите ќе се бранат од слобода.

Кривична пријава е поднесена и против здружението на граѓани „Анастасија“, кое е формирано од приврзаниците на Вранишковски.

Според МВР, Вранишковски со своите соработници за да ги легализира проневерените пари од МПЦ, направил повеќе раситнети парични трансакции на сметката на здружението „Анастасија“, а истовремено купувал и недвижен имот.

Бил купен локал во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје, плац од 5.000 квадратни метри во селото Нерези и плац од 4.000 квадратни метри во близина на Штип.

 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе