Во спомен на Гане Тодоровски, биографија во песна

Поминаа две години без нашиот голем поет, професор, публицист, преведувач и литературен критичар Гане Тодоровски.

По негова желба е погребен во скопското село Кожле, во црквата „Свети Спас“, и неговата песна „Завет“, како последна желба, беше прочитана на закопот.

Во спомен на Гане Тодоровски, сепак, да се потсетиме на уште две негови различни песни. Наместо биографија за него - „Биографија“ во песна. И наместо порака, „Писмо“.

 

Биографија

Се родив

Тоа е совршен факт

Живеам доста

Тоа е веќе непорекливо

 

Кому му требам

Секој е должен сам да знае

 

Пречам ли некому

Нека ме одмине

Премногу е непожелно

Да бидам одбран за враг

 

Вражја е живеачката

А јас сум рековме нејзин факт

 

Ќе умрам колку за доказ

Дека навистина сум живеел.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе