Рисот Марко привремено го спаси националниот парк Маврово

Европската банка за обнова и развој, која го финансира проектот за хидроцентралата ХЕ „Бошков мост“, соопшти дека жалбата на еколошката организација Екосвест, а која се однесува на проектот, е основана.

Центарот за истражување и информирање за животната средина Екосвест поднесе жалба дека банката не ги следела своите еколошки процедури во процесот на одобрување на проектот. Жалбата е поднесена во ноември 2011 година, пред директорите на Европската банка за обнова и развој да одлучат да го финансираат проектот.

„Сметавме дека банката направила пропусти при оцената на овој проект врз животната средина, кои може да резултираат со сериозни штети врз живиот свет во националниот парк Маврово, каде што се планира да се гради хидроелектричната централа“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска, директор на Екосвест.

Сега треба да следува нова постапка за детална анализа кои процедури ги прекршила банката во процесот на одлучување за проектот. Следува анализа на ризиците врз живиот свет, особено врз балканскиот рис, кој се смета за критично загрозен од страна на Меѓународната организација за заштита на природата, анализа дали Банката ги проценила кумулативните ефекти врз климата и животната средина на сите хидропроекти планирани во националниот парк и дали банката добро ги анализирала сите можни алтернативи на проектот пред да одлучи дека тој е најдобрата опција. И на крај треба да се процени дали изградбата на хидроцентралата може да биде „критичнa“ за опстанокот на популацијата на балканскиот рис.

Оваа оценка треба да се донесе најдоцна есенва, кога ќе бидат предложени мерки или други решенија за отстранување на негативните ефекти на проектот врз животната средина.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе