Прва клапа на филмот „До балчак“

„До балчак - Приказна од Дивиот Исток е насловот на долгометражниот игран филм во режија на Столе Попов, сценарио на Горан Стефановски, чие снимање почна денеска во селото Света, Демирхисарско.

 

Продукција е на Трингл Филм, во копродукција со Сектор Филм, ФX 3X и Македонската радио-телевизија. Снимањето ќе трае 10 недели на територијата и околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.

Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и Филмскиот Фонд на Македонија во програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа и министерствата при Владата, МПЦ - Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, Македонски железници и локалните градски самоуправи.

Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со суперисториски апсурди.

Во филмот ќе играат актерите: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска и др.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе