Топла салата од компири и сланина

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава за печење наредете ги компирите со маслиновото масло. Печете 25 минути, или додека компирите да омекнат.

Загрејте една тава за пржење на средна температура. Додајте ја сланината и пржете ја 2 минути. Потоа додајте ги лукот и црвениот кромид. Динстајте уште 3 минути, или додека сланината да стане крцкава.

Во голем сад измешајте ги црвениот вински оцет, сенфот, солта и црниот пипер. Додајте ги сланината, лукот и кромидот, заедно со стопената маст од сланината. Додајте ги печените компири и младиот кромид.

Внимателно промешајте и послужете веднаш.

Состојки:

1 кг компири, исечени на четвртини

2 лажици маслиново масло

200 г сланина, сечена на парчиња од по 3 см

1 чешне лук, дробен

1/2 црвен кромид, сечкан

70 мл црвен вински оцет

1 лажица сенф

сол и црн пипер

1 дршка млад кромид, сечкан

 

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе