Топла салата од грав со компири и зелка

Приготвување:

Ставете го маслиновото масло во тава на средно висока температура. Кога ќе се згрее, додајте ги коцките компири и распоредете ги рамномерно во тавата. Пржете ги компирите 5 минути превртувајќи ги и мешајќи ги.

Додајте ги мајчината душица, кромидот и сварениот грав. Оставете ги без мешање да се пржат 2 минути за да добијат кафена боја, а потоа пак промешувајте. Пржете додека гравот убаво да потемни од двете страни.

Додајте ја зелката и пржете уште минута. Зачинете со морска сол и свежо мелен црн пипер. Повторно промешајте. Кога зелката ќе омекне, јадењето е готово.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

150 г компири, сечени на мали коцки

3-4 гранчиња мајчина душица (или 1/2 лажичка сушена)

1/2 кромид, ситно сечкан

450 г бел грав, варен, измиен и исцеден

300 г ситно сечкана зелка

морска сол

црн пипер

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе