Салата марула со крцкава сланина и прелив

Приготвување:

Матете ги мајонезот, павлаката, сокот од лимон, сенфот, копарот и власецот додека убаво да се соединат.

Загрејте масло во голема тава на средна температура. Пржете ја сланината, повремено мешајќи, 3-4 минути, или додека да стане крцкава. Пренесете ја на кујнска хартија за да се исцеди од маслото.

Распоредете ги листовите салата на чинија за сервирање (по желба, може да ги искинете на помали парчиња).

Попрскајте со преливот и со сланината и послужете.

 

Состојки:

2 лажици мајонез

3 лажици кисела павлака

2 лажички свеж сок од лимон

половина лажиче сенф

четвртина лажиче сушен копар

четвртина лажиче сушен власец

2 лажички маслиново масло

4 ленти сланина, сечени на коцки

2 салати марула, со измиени, одвоени листови

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе