Најмногу сакав грав со суџук

Македонецот Рене Реџепи, единаесеттиот највлијателен човек во светот според Тајм, во интервју за Фајненшл тајмс зборува за своите спомени од детството во Македонија, за готвењето на оган и за почнувањето кариера на 15 години.

 

 

Рене во својот ресторан Нома

Неодамна Рене Реџепи беше избран за еден од стоте највлијателни луѓе во светот (11-то место), според списанието Тајм. Претходно британското списание Ресторан го прогласи неговиот ресторан Нома за ресторан на годината и мартовската насловна страница на Тајм му беше посветена нему. Роден во Копенхаген од родители Данка и Македонец, Рене Реџепи е шеф на кујната и косопственик на Нома, Копенхаген, и шампион на нордиски состојки.

Дали имате своја сопствена Прустова Медлин – храна што веднаш Ви предизвикува спомени?

Не толку како вкус, повеќе како чувство. На пример, кога ќе помирисам огниште (со вистинско дрво), тоа веднаш ме враќа во моето детство во Македонија; таму сè се готвеше на оган.

Какви беа Вашите училишни вечери?

Едноставен оброк – неколку кришки домати со масло. Малку леб, паштета, млеко или вода.

Што Ви беше омилена храна или пијалак како дете?

Најдоброто нешто на кое се сеќавам од детството беше кога во вообичаената секојдневна манџа од грав ќе додадеа суџук (зачинет колбас). Ова се случуваше ретко зашто суџукот беше скап.

Дали кариерата можеше да Ви отиде во друг правец?

Веројатно како градинар или фармер, како и другите од семејството Реџепи.

Која Ви беше најомразената задача како чирак?

Мојата готвачка „кариера“ ја почнав на 15 години, пред речиси 20 години. Во тоа време беше голем шок одеднаш да работиш по 75-80 часа неделно, без да имаш време за играње фудбал или други спортови.

Дали муштеријата е секогаш во право?

Се разбира не, но 99,9 проценти од времето да, тој е во право.

Како би Ве опишале Вашите подредени?

Како голем давеж.

Кои се слабостите во твоето готвење, ако воопшто ги има?

Многу работиме. Мора да најдам начин на вработените да им дадам повеќе слободно време.

Кое е Вашето најгрешно прехранбено задоволство?

Тоа сум голем гнетач – јадам премногу од сè што е добро за јадење.

Кој би работел во Вашата кујна од соништата?

Веќе го имам мојот тим од соништата...

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе