Супа од карфиол

Приготвување:

Во големо тенџере стопете 4 лажици путер. Додајте го кромидот и динстајте неколку минути, или додека кромидот да потемни.

Додајте ги морковите и целерот и динстајте уште една-две минути. Додајте ги карфиолот и магдоносот и промешајте за да се соединат.

Покријте го тенџерето и динстајте на многу тивок оган 15 минути. По 15 минути, прелејте го зеленчукот со супата од коцка и зголемете ја температурата на ринглата. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете да врие.

Во друго тенџере стопете уште 4 лажици путер. Измешајте го брашното со млекото, со брзи движења за да се соединат. Истурете ја смесата со брашно и млеко врз путерот, постојано мешајќи.

Тргнете го тенџерето од оган и додајте ја хоплата.

Истурете ја оваа смеса во тенџерето со супата. Оставете да врие 15 до 20 минути. Проверете дали е добро зачинета и ако треба, додајте повеќе сол или пипер.

Непосредно пред сервирањето, ставете ја павлаката во садот во кој ќе ја служите супата. Врз неа истурете 2-3 црпалки од врелата супа и промешајте за да се соедини со кисела павлака. Прелејте ја останатата супа и промешајте.

Послужете веднаш.

 

Состојки:

100 г путер

1 кромид, ситно сечкан

1 морков, ситно сечкан

1 гранче целер, ситно сечкано

1 голема или 2 мали главици карфиол (крупно сечкани)

третина китка магдонос (сечкан)

1,5 л кокошкина супа од коцка

6 лажици брашно

500 мл млеко

250 мл неутрална хопла

2-3 лажици сол, по вкус

250 мл кисела павлака

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе