Бугарски Фокус: по Гоце и Даме, и Бугаринот Симеон Радев доби споменик во Скопје

МНР вели дека на новата зграда се поставени статуи на истакнати светски дипломати и општественици, а за бугарските медиуми статуата на Симеон Радев на зградата е уште еден доказ за „бугарското потекло на Македонците“.

Истакнатиот бугарски деец Симеон Радев доби споменик и во Скопје, јави агенцијата Фокус од Софија.

Статуата на Симеон Радев е поставена на покривот на новата зграда на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Така, истакнатиот бугарски публицист и дипломат стана уште една бугарска историска личност претворена во новомакедонец. Споменици на Бугари веќе има во Скопје – Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Методија Шаторов и Методија Андонов – Ченто“, пишува Фокус.

Тодор Чепреганов, директорот на Институтот за национална историја, вели дека никаде во македонската историја Симеон Радев не е претставен како македонски деец. „Напротив. Врската на Радев со Македонија е само местото на раѓање, Ресен. И ништо друго. Целото негово животно дело е посветено на бугарската држава и идеја. Така и никако поинаку ние и го изучуваме“, изјави за МКД.МК Чепреганов.

Од МНР на Македонија велат дека на покривот на нивната нова зграда ќе има повеќе статуи на истакнати светски дипломати и општественици, па и статуата н Радев е дел од тој концепт.

Симеон Радев е истакнат бугарски дипломат, писател и публицист и потписник во име на Бугарија на Букурешкиот мировен договор.

На темава се јави и неизбежниот Божидар Димитров. Со споменикот на Симеон Радев во Скопје „тие признаваат дека нивното Министерство за надворешни работи е филијала на бугарското“, изјави за Фокус Димитров. Директорот на софискиот Национален историски музеј за бугарската изјавува дека кога слушнал за ова, едноставно не поверувал дека такво нешто е можно. „Ова може да значи само едно – дека Македонците признаваат дека се Бугари“.

Еве што за бистите на покривот на новата зграда на МНР изјави пред извесно време Александар Спасеновски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и заменик – член на собраниската комисија за надворешна работа: „Со истакнувањето видни личности на фасадата на новото МНР, како прво, манифестираме дека сме дел од напредниот западен свет. Второ, изразуваме благодарност кон земјите што ни се стратегиски партнери и трето, тоа се прави поради естетика што соодветствува на градбата.“

На зградата ќе се постават и статуи на американските претседатели Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн, рускиот цар Петар Велики, кинескиот генерал Сунг Цу, италијанскиот политичар Џузепе Мацини, старогрчкиот историчар Тукидид, британскиот политичар Винстон Черчил...

А.Д.

 

 

 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе