Печено цвекло со фстаци, билки и портокал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги цвеклата во тавата за печење и додајте ги циметот (стапче или мелен), дафиновите листови и водата.

Убаво покријте ја тавата со фолија и печете 1 час, додека цвеклото да омекне. Пренесете ги цвеклата на решетка да се исцедат и да се оладат. Течноста и зачините од тавата фрлете ги.

Во меѓувреме во сад измешајте ги кромидот, оцетот и солта (по желба). Оставете ги така 10 минути.

Додајте ги ренданата кора од портокал, естрагонот (или рузмаринот), магдоносот, власецот и маслото. Посолете.

Излупете ги цвеклата и исечете ги на кругови дебели 1 см. Наредете ги на чинија за сервирање и со лажица прелејте ги со преливот. Нафрлете ги одозгора фстаците и ливчињата целер и сервирајте.

 

Белешка: и цвеклата и преливот може да стојат одвоено во фрижидер преку ноќ. Пред да ги споите, нека постојат на собна температура.

Цвеклото може да биде во повеќе бои, како на сликата, но може и само темноцрвено.

Состојки:

1,5 кг цвекло со средна големина

2 дафинови листа

250 мл вода

1 голем кромид, ситно сечкан

60 мл бел вински оцет

сол

1 стапче цимет, скршено на 3-4 парчиња

ситно рендана кора од 1 портокал

2 лажици сечкан магдонос

2 лажици сечкан власец

2 лажици сечкан естрагон (или рузмарин)

4 лажици маслиново масло

30 грама сечкани несолени печени фстаци

листови целер за украсување

 

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе