Се вратија пивата „битолско“ и „кенбах“

Битолската пиварница пак проработе. Од денес по маркетите низ земјава пак ќе се продаваат пивата „битолско“ и „кенбах“.

Пиварницата е реконструирана по германски проект, со најнова технологија за производство за пиво по германска формула.

Двете пива на пазарот ќе се појават во стаклени амбалажи од 0,33 и 0,5 литри и ПЕТ-амбалажи од 1,5 литар, кои ќе се продаваат по промотивни цени, со што ќе бидат конкурентни и достапни.

Фабриката има капацитети за производство на газирани сокови, кои се планира во следните денови да се појават под името „пел“ во амбалажа од 1,5 литар.

Блажо Димитров, сопственик на битолската пиварница, истакна дека за почеток пивата ќе бидат пуштени во продажба само во Битола, а потоа низ цела Македонија и во соседните земји.

Засега во пиварницата се вработени 80 лица, а во блиска иднина се планира вработување на уште 20 лица за производство.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе