Салата од модри патлиџани на скара

Приготвување:

Запалете ја скарата. Парчињата модар патлиџан и пиперчето намачкајте ги убаво со масло и посолете ги.

Печете ги патлиџаните на средна температура на скарата додека убаво да се испечат и да омекнат, по околу 4 минути од секоја страна.

Пренесете ги патлиџаните на работна површина и оставете ги да се оладат.

Испечете го пиперчето, вртејќи го, додека да се испече и да омекне, а потоа исечкајте го. Исечкајте ги патлиџаните на парчиња од 1,5 см.

Во голем сад измешајте ги магдоносот, оцетот и лукот. Додајте ги модриот патлиџан, пиперчето, доматите и кромидот, зачинете со сол и измешајте.

Украсете со ореви и послужете со печени лепчиња.

Состојки:

2 модри патлиџани од по 500 г, сечени по должина, дебели 1,5 см

1 луто пиперче

масло

сол

2 лажици сечкан магдонос

3 лажици бел вински оцет

1 чешне лук, ситно сечкан

5 средни домати, на парчиња од по 1,5 см

1 мал црвен кромид, тенко сечен на прстени

2 лажици мелени ореви

Објавено

Среда, Март 28, 2012 - 18:24

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе