Михајловски на тренерско усовршување во Болоња

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Игор Михајловски, во следните седум дека ќе биде дел од тренерската екипа на италијанскиот прволигаш Болоња каде што ќе ги усовршува своите тренерски знаења.

На гости на Бенкардино по нови тренерски лекции: Игор Михајловски

Поранешниот репрезентативец на Апенините патува по покана на Сандро Бенкардино, кондицискиот тренер на Болоња и на македонската сениорска селекција, кој му овозможи да биде дел од тренинзите на еден од најдобрите италијански тимови.

„Благодарен сум му на Сандро што ме повика и чест ми е што ќе можам да присуствувам на тие тренинзи. Се надевам дека ќе научам многу нови работи, кои потоа би можеле да ги примениме во работата со млади категории кај нас“, вели Михајловски.

Михајловски во Болоња ќе биде придружуван од директорот на репрезентацијата, Врбица Стефанов. Ова усовршување доаѓа во пресрет на стартот на подготовките на репрезентацијата на Македонија до 16 години за настапот на Европското првенство (ЕП) дивизија Б, летово во Романија.

Кадетите со подготовки ќе почна во мај и тоа за обврските на претстојното ЕП, кое ќе се одржи од 19 до 29 јули и на кое Македонија се наоѓа во група со Бугарија, Словачка, Данска и Белгија.

Михајловски ќе има можност да се види и да размени искуства и со поранешниот македонски селектор, Заре Марковски, кој во моментов работи во Болоња како тренер на второлигашот Бјанкоблу.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе