
„Вредноста на двете лаборатории е приближно 500 илјади евра. Едната има цел детално да ги анализира состојките во различни производи кои се пласираат на пазарите, а другата е компјутерска и ќе служи за голем број истражувања на Институтот за хемија. Иако примарна цел на лабораториите ќе биде да ја помагаат и стимулираат научноистражувачката дејност на овој факултет, ќе им користи и на заинтересираните компании за специфични анализи“, изјави министерот Кралев.
Тој изјави дека до крајот на наредната година ќе заврши проектот 190 лаборатории во вредност од 60 милиони евра.
Деканот на ПМФ е задоволен од тоа што нивниот факултет на тендерот на Министерството за образование добил најмногу, шест лаборатории.
„Институтот за хемија е водечки во државата во сите области во однос на објавување трудови во странски списанија со импакт-фактор. Лани од овој институт излегоа 75 вакви труда. Со лабораториите знаеме како да работиме и се надеваме дека ќе возвратиме соодветно, не само за научно-истражувачки цели, туку и пошироко за апликативна дејност“, рече Гершановски.