Миризлива супа од домати

 

Приготвување:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукот и исечете ги доматите на кришки.

Загрејте го маслото на ниска температура во големо тенџере, додајте ги кромидот, лукот, гранчето мајчина душица и дафиновиот лист.

Динстајте околу 10 минути, додека кромидот да омекне и малку да порумени.

Додајте ги кришките домати и гответе додека да станат кашести.

Зачинете со сол и црн пипер, а потоа додајте ги шеќерот, босилекот, супата од коцка и доматниот сос.

Динстајте на тивко 15 минути.

Отстранете ги гранчето мајчина душица и листовите босилек, а потоа изблендирајте ја смесата од тенџерето.

Ставете ја во чинии и декорирајте со неколку капки оцет и ливчиња босилек.

Сервирајте.

Состојки:

2 главици кромид

2 чешниња лук

750 г домати

400 мл супа од коцка (пилешка или зеленчукова)

600 мл доматен сос

1 гранче мајчина душица

1 дафинов лист

половина китка босилек

2 лажици шеќер

1 лажица маслиново масло

Објавено

Понеделник, Март 12, 2012 - 18:30

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе