Нова тепачка во автобус на ЈСП

Нов инцидент во автобус на ЈСП се случи денеска кога дваесетина насилници нападнаа и претепаа две лица.

Инцидентот започнал околу 10.40 часот во автобусот со број 65 кога тој застанал на станицата кај средното училиште АСУЦ Боро Петрушевски, каде што во него влегле поголема група млади лица.

Кога автобусот се доближил до станицата кај Бит-пазар, групата без повод и причина ги нападнала лицата З.С. (18) од селото Стајковци и Т.И. (20) од Скопје.

Групата насилници почнале со тупаници да ги удираат, а потоа на станицата кај Бит-пазар го напуштиле автобусот.

Полицијата трага по напаѓачите и работи на расветлување на случајот, по што ќе поднесе пријави.

Вчера, во два одделни настани, во автобуси на ЈСП беа нападнати и брутално претепани десетина патници и еден возач.

 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе