„Човечулец“ на Прокопиев ја доби наградата „Балканика“

Македонскиот писател Александар Прокопиев со книгата „Човечулец“ во издание на „Магор“ е добитник на меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2010 година.

Победникот на 15-тото издание на „Балканика“ беше прогласен денеска во Скопје, а најдобрата книга беше избрана од страна на седумчлено меѓународно жири, преку три круга на гласање.

„Особено сум среќен затоа што годинава конкуренцијата беше многу силна, дојдоа извонредни автори што веќе се познати не само на балканскиот, туку и на европскиот простор, и во такво друштво да бидеш избран е голема чест“, рече Прокопиев.

Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји. На „Балканика“ учествуваа „Коли и други раскази“ од Здравка Евтимова од Бугарија, „Крстопатот на Константин“ од Дејан Стоиљковиќ од Србија, „Црвеното на биковите“ од Мира Мекси од Албанија, „Ќе се случи нешто, ќе видиш“ од Христос Економу од Грција, „Огнот на кармата“ од Ома Станеску од Романија и „Камена куќа“ од турската писателка Асли Ердоган.

Организатор на изборот на македонски претставник е издавачката куќа „Магор“. Книгата на авторот што ќе ја добие „Балканика“ ќе биде преведена на јазиците на седумте земји-учеснички во изборот, а наградата за 2010 година ќе биде доделена во Белград кон крајот на годинава.

Венко Андоновски беше единствениот македонски писател што ја има освоено наградата „Балканика“, во 2001 година за романот „Папокот на светот“.

 

 

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе