Македонците од Голо Брдо формираа друштво „Мост“

Во регистарот на Основниот суд во Тирана е запишано уште едно друштво на Македонците во Албанија. Станува збор за друштвото „Мост“ на Македонците од областа Голо Брдо.

За претседател на друштвото е избран Бесник Хасани, за потпретседател Илбер Кадриу, додека за секретар е избран Лавдарим Мета, јави МИА.

„Нашата цел како друштво пред сè ќе биде борбата за признавање на Македонците во Голо Брдо од страна на албанската држава, воведување на македонскиот јазик во училиштата во Голо Брдо, зачувување на нашиот македонски идентитет, култура, традиција, јазик, фолклор и обичаи. Исто така, наша задача ќе биде и спречување на бугарската пропаганда во Голо Брдо и обидите на Бугарија за побугарчување на Македонците во Голо Брдо“, вели претседателот Бесник Хасани.

Друштвото ќе ѝ дава и логистичка помош на единствената македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција. Седиштето на друштвото е во општината Требиште, а набргу разграноци ќе бидат формирани и во другите две општини во областа Голо Брдо, општина Острени и општина Стеблево.

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе