На карневалот има традиционални маски, современи, поединечни и групни. На почетокот беа претставени мажоретките и мечкарите кои го имаат својот ритуал на бркање на злите духови. Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” кое со локалната самоуправа го организира карневалот вели дека има маски и посетители од Украина, Холандија, Белгија, Бугарија, Албанија, од Србија, Хрватска.
Претседателот на Европската асоцијација на карневалските градови Хенри Ван дер Крон кој е дојден во Прилеп како претставник на 500 - те градови од 48 земји изјави дека е воодушевен од карневалската атмосфера во градот.
Најдобрите и најоригинални маски ќе бидат избрани вечерва, а забавата ќе продолжи во хотелот „Липа” со дегустација на традиционални јадења.