Ваквата одлука организаторите ја донеле поради почитување на верските правила на големиот велигденски пост, како и можноста во деновите на викендот оваа карневалска манифестација да ја посетат поголем број граѓани.
Во големата интернационална карневалска поворка се очекува да продефилираат над две илјади лица под маски, меѓу кои и 14 групи од карневалски градови од исто толку европски држави.
Утре напладне ќе се одржи „Детскиот карневал“, в понеделник ќе бидат прогласени најуспешните маски, а наградите ќе бидат доделени во вторник, кога наградените под своите маски ќе прошетат по струмичкото корзо, со што се враќа вековната традиција на посета на домовите на армасаните.