МНР: Договорот меѓу Белград и Приштина е пример за сите отворени прашања

Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија е во насока на унапредување и зајакнување на стабилноста и соработката во регионот, но и конкретен пример дека преку директен и конструктивен дијалог може да се решат сите отворени прашања што ги засегнуваат земјите во регионот, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

„Истовремено, договорот отвора нови можности за придвижување на Србија и на Косово кон европските интеграции. Овој позитивен моментум во регионот треба да биде искористен и за конечно почнување на пристапните преговори за членство на Република Македонија во Европската Унија“, вели МНР.

Република Македонија изразува спремност за размена на искуствата и за унапредување на регионалната соработка, во духот на добрососедските односи и пријателство.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе