„Договорот, координиран со нашите пријатели во Брисел и во Вашингтон, ги поставува темелите на заемни меѓудржавни односи помеѓу Република Косово и Србија, но истовремено придонесува кон одржлив мир заедно со стабилен и сигурен регион. Денеска, Косово е признаено од Србија, што истовремено го отвора патот за признавање и од другите членки на Европската Унија што сѐ уште го немаат преземено овој чекор“, се вели во соопштението од ДУИ.
Овој билатерален договор со меѓународна гаранција, сметаат од партијата, затвора едно од најбитните прашања што ги држеше во заложништво евроатлантските интегративни процеси на регионот и служи како поттик за затворање и на други отворени прашања помеѓу соседите на западен Балкан.