Нимиц дојде да ги забрза разговорите

Се надевам дека ќе најдеме начин за забрзување на разговорите, изјави посредникот Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски попладнево во Скопје. Медијаторот во спорот за името со Грција претходно имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов и со Никола Попоски.

 

“Не доаѓам во Скопје со нови предлози, туку со намера за изнаоѓање начин за забрзување на преговорите за решавање на ова прашање колку што е можно побрзо бидејќи го засега регионот и светската безбедност“, изјави амбасадорот  Нимиц.

Тој  по завршувањето на средбите со македонскиот државен врв продолжува во Атина, каде што в среда ќе има разговори со грчкиот државен врв.

„Државниот врв многу јасно ми го пренесе својот став и искрената желба за наоѓање решение и за конструктивни преговори со нивниот јужен сосед и ова ќе го пренесам до Владата во Атина. Јас пак ги пренесов ставовите на Меѓународната заедница и на ОН за решавање на ова прашање колку што е можно побрзо бидејќи ова е прашање што го засегнува регионот, светската безбедност ја засегнува Европа, САД и светот и колку побргу се реши тоа, ќе биде подобро за сите“, изјави Нимиц.

На прашањето што мисли посредникот во врска со Привремената спогодба, на која е коавтор, а е суспендирана само поради однесувањето на Грција, тој истакна дека одлуката на судот во Хаг стои сама по себе и Привремената спогодба е договор помеѓу двете страни, а страните треба да го почитуваат договорот.

Преговорите, според Нимиц, се однесуваат на името на државата, а не станува збор за идентитетот.

Медијаторот истакна дека сè уште не може да каже за што ќе разговара во Атина.

На прашањето како очекува македонската нација да верува во договорот со Грција за решавање на спорот со името, кога Грција не го почитува ни единствениот договор што го имаме со неа, Нимиц рече дека не може да одговори, бидејќи тоа е аргумент, а не прашање.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе