Шокантно тврдење: Трајковски и сопатниците се брутално убиени

Претседателот Борис Трајковски и сите сопатници во „кингерот“ што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје.

Ова е шокантно тврдење на Игнат Панчевски, адвокат на семејството на еден од загинатите во несреќата, кој во изјава за Мкд.мк вели дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот поседува.

Панчевски нагласува дека имал докази оти патниците што загинаа на 26 февруари 2004 година биле живи по падот на претседателскиот авион.

„Сите до еден биле повредени, но живи. Поседувам доказ дека еден од повредените повеќе од половина час разговарал на мобилен телефон со семејството. Му биле скршени двете нозе, но разговарал со семејството. Има докази, и аудио и видеозапис, како е извршен атентатот. Постои сателитска видеоснимка. Тој е срушен од воен авион. Потоа на снимките се гледа како на местото на настанот доаѓаат мобилни воени екипи. Преживеаните биле убиени, а потоа телата префрлени и запалени со напалм“, вели адвокатот Панчевски.

Дали уривањето на „кингерот“ беше авионска несреќа?

Toj тврди дека биле познати мотивите за атентатот, извршителите, начинот на кој бил извршен и дека одредени политички и државни структури се плашеле да ја изнесат на виделина вистината за случајот.

„Повеќе пати досега ги повикав сите надлежни институции да реагираат. Еве и сега им нагласувам дека ги имам доказите, но никој не ми се обратил. Ниту Обвинителството, ниту комисијата што го испитуваше случајот, ниту Андреас Грос, европратеникот што исто така тврди дека Трајковски е убиен“, вели Панчевски.

А еве што изјави Грос во мај 2010 година на седница на Европскиот парламент.

„Јас сум убеден дека станува збор за убиство, а тоа го темелам врз нови информации, за кои сè уште не можам да зборувам. Ова мое лично тврдење се темели и врз познавањето на неверојатните противречности што логично водат до хипотезата за убиство“, рече тој.
Тој тогаш пред европратениците изјави дека одговорите за несреќата требало да се бараат на Запад, а не на Исток, и исто така истакна дека бил сериозно исплашен за сопствената безбедност.

„Исто така сум среќен што сега не возам автомобил. Но никогаш не можеме да бидеме целосно сигурни. Тоа што зборувам отворено за сето ова, сигурно дека е најдобриот начин за да се заштитам“, рече тогаш Грос.

Според Панчевски, како докази постојат многу аудио и видеозаписи.

„Има изјави на очевидци, потоа предмети од загинатите од чија хемиска анализа е утврдено дека не се изгорени од керозин, постојат тонски докази, се слушаат гласови во моментов кога авионот бил погоден со проектил, тонски докази на три светски јазици како лица во меѓусебна комуникација си честитаат за успешно соборениот авион“, вели адвокатот и нагласува дека сите докази се во Скопје.

Ова е наводно доказ од облека на загинат

Тој најавува дека нема да се откаже од случајот и од неговото целосно обелоденување во јавноста. Панчевски вели дека деновиве ќе ги изнесе на виделина сите докази што ќе ги обелоденат мотивите за атентатот, извршителите и начинот на кој тој наводно бил извршен.

И Александар, братот близнак на претседателот, тврдеше дека тој е убиен

Осврт на случајот со падот на претседателскиот авион вчера даде и емисијата КОД на телевизијата Канал 5 според која авионската несреќа сè уште претставува мистерија. КОД се повика и на извештај од македонската воздухопловна комисија, која три години ги проучувала доказите за падот на кингерот и која доставила официјално барање од властите со препорака да отворат нова истрага за смртта на претседателот Трајковски и деветте негови сопатници.

Една од забелешките во новиот извештај била поврзана токму со реконструкцијата. Се поставуваат повеќе дилеми, односно како воопшто била направена кога инструментите што требало да ги дадат податоците биле неисправни според извештајот на босанската комисија. Потоа, податоци за висината, брзината на авионот и растојание од пистата не можеле да се земат ниту од аеродромот во Мостар, затоа што таму немало надгледен радар. Затоа на ова реконструкција, македонските експерти гледаат како на претпоставка, а не дека е факт, наведува КОД.

Втор голем сомнеж буди потрагата по паднатиот авион. Цел ден немало сигнал од уредот ИЛТ, уред кој требало да ја покаже локацијата на падот. Според извештајот на босанската комисија, уредот ИЛТ имал проблеми со напојување со струја поради неповрзани батерии. Но оштетениот инструмент утредента на чуден начин оживеал и дал сигнал, по што биле најдени кингерот и жртвите.

Сомневањата околу несреќата ги подгреаја и пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои на интерпелацијата за министерката Гордана Јанкуловска, минатиот понеделник во Собранието, дадоа изјави дека два атентати, еден на Киро Глигоров, и еден на Борис Трајковски, се случиле за време владеењето на СДСМ.

Емил Зафировски

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе